| четврток, 6 декември 2018 |

„Ролингстоунс“ со бесплатен концерт на Куба

Култните „Ролингстоунс“ денеска соопшти дека на 25 март ќе одржи бесплатен концерт во Хавана,  што ќе биде најголем концерт во Куба од револуцијата од 1959 година.

Легендарните „Стоунси“ ќе настапат во салата „Сијудад депортива“ неколку дена откако американскиот претседател Барак Обама ќе ја посети Куба. По сто години, ова ќе биде прва посета на еден американски претседател на Куба.

Кубанските власти своевремено судски ги процесуирале младите кои слушале рок-музика која кубанските комунисти ја сметале за капиталистичко оружје.

Со откажувањето од таквите напори, власите во Хавана почнале да дозволуваат големи неофицијални собири.

– Сме настапувале на многу посбени места во нашата долга кариера, но овој концерт во Хавана ќе биде голем настан за нас и се надеваме за сите наши пријатели на Куба – навеле „Стоунси“ во своето соопштение до јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top