На познатата двојка и цутат рози.
На познатата брачна двојка Игор и Северина не им недостасува љубов и внимание и по цела година складен однос. Пејачката на симболичен начин одбележа година дена емотивна врска со нејзиниот избраник споделувајќи фотографија на социјалните мрежи под која напишала: „Ти благодарам љубов моја!Љубовта со љубов се враќа!“.
Годишнината од нивната романса ја прославија во Србија во кругот на блиски пријатели и семејството. Се решиле за поскромна прослава се со цел максимално да се релаксираат и да не мислат околу организацијата. Иако се погласни се нагодувањата дека Северина е во блажена состојба, двојката мудро молчи криејќи ја својата интима.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.