| четврток, 6 декември 2018 |

УЕФА го суспендираше Галатасарај од европските купови

Galatasaray vs Astana

Екипата на Галатасарај во следната сезона нема да може да се натпреварува во европските купови откако турскиот гигант беше суспендиран од страна на УЕФА поради нарушување на финансискиот фер-плеј.

Европската куќа на фудбалот најави изрекување на неколку казни во следниот период, а прв на листата се најде клубот од Истанбул, кој е редовен учесник во европските натпреварувања во изинатиот период. Иако во меѓувреме ги намали вложувањата во нови фудбалери, Галата сепак не успеа да ги исполни условите пропишани со финансискиот фер-плеј, по што следеше и денешната казна изречена од страна на УЕФА.

Турскиот гигант во јануарскиот преоден рок го продаде Бурај Јилмаз во Кина, а не се исклучува можноста во текот на летото да бидат продадени и Лукас Подолски и Весли Снајдер, кои важат за најголеми ѕвезди во сегашниот тим на Галатасарај.

Во меѓувреме, Мустафа Денизли си поднесе оставка од тренерската функција во оваа екипа откако не успеа да го извлече клубот од резултатската криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top