Европската куќа на фудбалот (УЕФА), ги зголеми цените на влезниците за финалето на Лигата на шампионите оваа сезона, кое се игра на прославениот стадион „Сан Сиро“ во Милано на 28 мај.
Првите влезници за мечот вчера беа пуштени во продажба, а цената за еден билет отскокнува за 14 проценти од претходно најавеното.
Цената на најевтините влезници остана иста и се движи од 70 до 160 евра, но втората категорија поскаше за 14 отсто: од 280 евра за финалето во Берлин до 320 евра.
Влезниците за првата категорија поскапеа за 13 отсто, од 390 до 440 евра.
На навивачите им стојат на расплагање 46.000 влезници за стадионот кој има капацитет од 71.500 места. Секој од финалистите ќе добие по 20.000 влезници, а 6.000 ќе бидат пуштени во слободна продажба.
Останатите влезници се наменети за спонзорите, емитерите, корпорациите, националните сојузи, гостите на УЕФА и локалните организатори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.