Судскиот процес „Пуч“ кој се води против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, брачниот пар Верушевски, како и порaнешен вработен во тајната полиција Ѓорѓи Лазаревски, Звонко Костовски, вработен во МВР, како и Бранко Палифров вработен, во општина Струмица е одложен за 3 мај.
Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска побара на следното рочиштето да биде присутен и оштетениот, кој е и сведок.
Специјалното јавно обвинителство претходно побара одложување на рочиштето поради тоа што Основен суд 2 одбил да предаде копии од списите кои се водат како докази со образложение дека тие се класифицирани.
СЈО денеска во соопштение обвини дека Судот му прави опструкции во вршењето на работата.
Од судот пак велат дека Јанева двапати вршела увид во документацијата. Основниот суд Скопје 1 во текот на вчерашниот ден соопшти дека го одбива барањето на Специјалното јавно обвинителство за доставување копии од докази за „Пуч“. Во образложението се наведува дека истите се класифицирани информации. Во соопштението се вели дека последните 2 расправи се одложени токму по барање на обвинителството заради увид во предметот.
Претходно, претседателот на СДСМ не се појавуваше на судењето за „Пуч“, а специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го ослободи од притвор првоосомничениот во случајот Зоран Верушевски. Тогаш многумина правици коментираа дека Јанева го ослободила Веруштевски без никакво образложение.
Сопругата на Верушевски, Соња, веднаш по барањето за ослободување на нејзиниот сопруг од притвор кое го упати Катица Јанева, наместо на Јанева му се заблагодари на Зоран Заев. Со ова, се коментираше тогаш, Соња Верушевска практично откри дека Заев е нарачателот, а Јанева е само марионета во рацете на Заев која ги исполнува неговите наредби.
-Најголема благодарност упатувам до лидерот на СДСМ, г-динот Зоран Заев – напиша Соња Верушевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.