Националната установа Центар за култура „АСНОМ“ во Гостивар го објави конкурсот за учество на третиот по ред Меѓународен поетски фестивал „Литературни искри“.
Право да конкурираат имаат сите поети од Македонија и од Балканските земји без разлика на возраста.
Творците конкурираат со по една до сега необјавена песна, не подолга од 32 реда, на слободна тема, напишана на мајчин јазик.
Песните се испраќаат на е-маил адреса: literaturniiskri@yahoo.com најдоцна до 29-ти март.
Пристигнатите творби ќе ги оценува стручна комисија, а резултатите ќе бидат соопштени во текот на април. Освен избор на најдобрите автори што ќе влезат во трка за фестивалските награди, комисијата ќе направи и селекција на автори што ќе бидат застапени во заедничка збирка, алманах.
Фестивалот „Литературни искри“ во Гостивар се организира во чест на Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, 24-ти мај.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.