Во текот на денот ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб локален дожд, особено во западните делови на земјава, информираат од УХМР.
Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи се очекуваат в четврток, кога кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе има опаѓање на температурата за неколку степени. Во западните делови на планините врнежите ќе поминуваат во снег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


