| четврток, 6 декември 2018 |

Бишевац и Николовска не го следат Цаноски

Пратениците Сафет Бишевац од Санџачката партија и независната пратеничка Ленче Николовска, кои се дел од пратеничката група на ПЕИ, остануваат во опозициската коалиција. Бишевац за „Телма“ вели дека нема да ја следи одлуката на Фијат Цаноски за напуштање на коалицијата „Сојуз на иднината“.

– Тие сигурно си имаат свои интереси како партија и пресметале што добиваат, а што губат. Ако мене ме прашувате, мислам дека многу повеќе загубија отколку што добија – вели Бишевац.

Цаноски утрово преку сооштение информираше дека излегува од здружената опозиција и дека ќе делува самостојно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top