| четврток, 6 декември 2018 |

Какво време не очекува утре: Ветерот ќе го смени правецот…

Среда ќе биде пооблачна во однос на вторник. Ветерот ќе го смени правецот во северозападен, но ќе биде претежно слаб, објави „Метеопро“.
Облачноста ќе донесе услови за повремен слаб дожд во крајниот западен дел од земјава претпладне, додека во попладневните часови врнежи ќе очекуваме во повисоките делови од источниот и централниот регион и повторно во планинскиот дел од крајниот запад.

Наутро температурата насекаде ќе биде позитивна низ котлините, а на повисоките места околу 0°С

Дневниот максимум на  температурата ќе достигне вретности од 12°С и 14°С во котлините од западниот и северниот регион, и околу 16°С долж јужниот вардарски тек.Вo скопскиот регион очекуваме умерена облачност со пократки сончеви периоди. Максимална температура околу 14°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top