| четврток, 6 декември 2018 |

Мигранти сакале да силуваат тинејџерки на базен во Германија

Двајца мигранти од Авганистан уапсени се во Германија поради сексуален напад на две млади девојки, објави „Макфакс“. Мигрантите, чии имиња не се објавени, се обиделе да ги силуваат двете девојки на јавен базен во северната сојузна држава Шлесвиг Холштајн. Преплашените девојки на возраст од 14 и 18 години го повикале персоналот на базенот, кој ги задржал напаѓачите додека не пристигне полицијата.

Овој напад е втор кој се случил во последните 18 месеци на истиот базен. Во јуни 2014 година група од седум млади мигранти нападна пет девојчиња на школска возраст, при што се обиделе да ги фатат девојчињата за гради и да и им ги искинат бикините.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top