| четврток, 6 декември 2018 |

Нова листа на најпосакувани пасоши: Американскиот повеќе не е на прво место, дознајте кој е на врвот!

Кога станува збор за преминување на меѓународните граници само еден документ ги отвора сите врати. Но, не е пасошот на САД.

Имено германските државјани имаат можност да влезат во 177 од 218 држави без виза судејќи според истражувањето за 2016 на „Visa Restrictions Index“.

Оваа година се покажа дека најголемите светски сили не доминираат во ова подрачје. Америка која беше прва во 2014 и 2015 година падна на четвртото место.

На вотор место, зад Германија е Шведска чии граѓани имаат слободен премин во 176  земји. Финска, Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија се на врвот уште од 2013 година и сега го делат третото место што покажува дека државјаните на Северна и Западна Европа се најпривилегирани.

Јапонија и Јужна Кореја минатата и годината пред неа беа меѓу првите три позиции, но годинава паднаа на петто односно на шесто место. Балгија, Данска и Холандија го делат четвртото место со САД.

Моќта изразена во девизни резерви или вооружување не игра никаква улога, а за тоа сведочи фактот дека Русија го зазеде 48-то, а Кина-87-то место.

Меѓи „најлошо рангираните“ или ако саката најслаби пасоши имаат Авганистан, Пакистан, Ирак, Сомалија и Сирија.

Пасошот на Македонија е на 45 -то место, на Србија на 43-то, а најдобро котира пасошот на Словенија кој се наоѓа на 12-то место, зад него следи Хрватска, чиј пасош е котиран на 24-то место, на Црна Гора на 47-мо и на Босна и херцеговина на 52-ро место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top