| четврток, 6 декември 2018 |

Може да конкурираат и Македонци: Принцот на „Инстаграм“ ве кани на забава со секс-бомби

Траверс Бејнон треба уште многу да се потруди за да го стигне Дан Билзериан (погледнете ТУКА)  што се однесува до престолот на „Инстаграм“, па затоа засега се нарекува принц.

travers-bejnon

Тој собрал половина милион следбеници на оваа социјална мрежа и по тој повод организира наградна игра. Сѐ што е потребно е да означите колку што може повеќе луѓе под оваа фотографија и ќе влезете во конкуренција.

Бејнон ќе подели два пара влезници за двајца среќници, а може да учествува кој било од кој било крај на светот. Конкурсот трае до 31 март.

Неговата вила преполна со убавици се наоѓа во Австралија, а Бејнон ќе го плати и авиопревозот и сите потребни трошоци за среќните добитници.

Па, ако не ве мрзи…

фотоконкурс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top