Актерот Тери Круз во последните неколку недели го привлече вниманието во јавноста откако отворено проговри за својата зависност од порнографија.
Тој јавно призна дека со порнографијата се сретнал кога имал само 12 години.
-Порнографијата ми го смени животот на многу начини. Ако денот се претвори во ноќ, а вие и понатаму гледате, сигурно имате проблем. Таков бев јас – изјави Круз.
Самата идеја за „зависност од порнографија“ е многу контроверзна. Не постои такво нарушување во последното издание на Дијагностичкиот и статистичкиот прирачник, кој е „Библија на прихијатријата“, а го објавува Американското здружение на прихијатри.
Многу стручни лица тврдат дека мозокот на луѓето кои гледаат порнографија не функционира на ист начин како како на пример се конзумираат наркотици, иако доказите се прилично нејасни.
Една студија на Универзитетот Кембриџ, која опфатила 19 мажи – љубители на порнографијата покажала дека во нивните мозоци, кога гледаат „филмови за возрасни“ се активираат центрите задолжени за чувството за награда, како кога наркоман ја гледа својата дрога.
Сепак, Никол Прус, научник од Универзитетот во Калифорнија вели дека зависниците од порнографија не треба да се ставаат во ист кош со зависниците од алкохол и наркотици.
Пурс вели дека неурологијата моментно не ја признава тезата дека порнографијата предизвикува зависност и дека општиот став за третирање како зависност може да биде контрапродуктивно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.