| четврток, 6 декември 2018 |

„Симпли ред“ во јуни ќе настапат во Белград и во Загреб

Еден од најдобрите светски групи на сите времиња „Симпли редќе одржи два концерта во наша резервација и наша организација на 22 и на 23 јуни во Загреб и во Белград. Концертите ќе бидат во рамки на нашите манифестации „Загреб колинг“ и „Белград колинг“.

„Симпли редќе настапат во рамките на светската турнеја, во која го промовираат својот најнов албум насловен „The Big Love“, а за време на двочасовниот настап во Загреб и во Белград ќе изведат програмa со легендарните хитови: „Something got me started“, „Sunrise“, „Holding back the years“, „If you don`t know me by now“, „It`s only love“…

За настанот да биде уште поголем ќе се подгрижат специјалните гости Натали Диздар, која ќе ги отвори вечерите и потоа извонредната загрепска група „Џинкс“.

Интресно е што „Симпли редза првпат ќе одржат свој концерт во Загреб и тоа на омилениот отворен простор на загрепчани, култната „Шалата“, додека концертот во Белград ќе биде на комплетно реновираниот стадион „Ташмајдан“.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре преку глобалната мрежа на „Евентим“. „Авалон продукција“ ветува дека за сите обожаватели на „Симпли редод Македонија, кои ќе сакаат да одат на на концертите во Белград и во Загреб, ќе обедзбеди доволен контингент карти за двата концерта.

Влезниците во продажба за Македонија ќе бидат пуштени преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ и преку интернет на www.kupikartizase.com.

Како што најавивме претходно, првот име на „Белград и Загреб колинг“ ќе биде британската соул ѕвезда Џон Њуман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top