Наследничката на светскиот синџир елитни хотели од династијата Хилтон, а воедно и најпознатата девојка чија работа е само да се забавува, го најави своето присуство и во Хрватска, на фестивалот „Ултра Европа“, кој ќе се одржува од 12 до 14 јули во Сплит и на Хвар.
Како што е најавено, Парис Хилтон ќе пристигне на последниот ден на фестивалот за електронска музика, кој ќе се одржува покрај базенот на хотелот „Амфора гранд брег“ во Хвар на површина од 3.800 квадратни метри, кога се очекуваат околу 5.000 посетители.
Според организаторите, нема да биде возбудливо само финалето со Хилтон како гостинка, туку и претходните два дена во Сплит се очекува електронски спектакл, а ова прво издание на фестивалот би можело да влезе на листата на топ 10 настани во светот на електронската музика, засведочи интересот кој го покажале околу 75 земји во светот, како и продажбата на билетите која со досега продадени 60 проценти ги урива сите рекорди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.