| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ до Спасовски: Дали Едмонд Темелко е поголема безбедносна закана од напаѓачите на Тодор Петров?

ВМРО ДПМНЕ инсистира и ќе продолжи да инсистира Оливер Спасовски да ги пронајде, уапси и санкционира сторителите

rangelovaИнтегрален текст од прес-конференцијата на Даниела Ранѓелова член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Дали Едмонд Темелко, единствениот градоначалник Македонец, надвор од земјава е поголема безбедносна закана по Република Македонија од насилниците кои вчера брутално го претепаа Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров?

Оливер Спасовски, незаконски, без наредба на судот и во договор со Катица Јанева наложи Едмонд Темелко да биде апсен пред сопствените деца, заради невистинити, измислени и конструирани наводи на Специјалното јавно обвинителство.

Оливер Спасовски веќе втор ден по претепувањето на Тодор Петров, се крие и не кажува зошто не ги апси насилниците кои го претепаа Тодор Петров?

Зошто насилниците кои брутално го претепаа Тодор Петров се привилегирани од Оливер Спасовски?

Во својата изјава Тодор Петров јасно кажа и кој го нападнал и каде го нападнал и зошто го нападнал. За жал тие што беа посочени од Тодор Петров и денеска слободно се шетаат, а полицијата нема наредба од Спасовски да ги апси.

ВМРО ДПМНЕ инсистира и ќе продолжи да инсистира Оливер Спасовски да ги пронајде, уапси и санкционира сторителите.

Министерството за внатрешни работи под Оливер Спасовски мора да престане да функционира само како партиски огранок каде што генералниот секретар на СДСМ ќе ги згрижува и унапредува партиските кадри и роднините на своите колешки. Секојдневно гледаме кон што води неспособноста на Оливер Спасовски и разрешувањето на професионалците во полицијата. Оливер Спасовски мора да почне да го работи тоа за кое што е платен од граѓаните.

Вчера бевме сведоци на скандалозни коментари на социјалните мрежи од страна на послушници на Оливер Спасовски во МВР, но и на групи во кои член е Оливер Спасовски.

Инспектори од полицијата и членови на групите чиј дел е Оливер Спасовски во врска со бруталниот напад врз претседателот на светскиот македонски конгрес порачуваа „Народот доста ве трпеше“, „Ќе завршите како Тодор Петров“.

Господине Оливер Спасовски, Вие земате плата за да ја штитите безбедноста на сите граѓани, а не да ликувате и да молчите кога некој е нападнат.

Деструкцијата која што СДСМ ја наметнува во општеството веќе нема граници и излегува од контрола. Последниот случај е доказ и за хаосот во кој што СДСМ ги втурна институциите кои ги контролира.

Господине Спасовски, сакаме јавно да Ви порачаме дека вам и на вашите партиски шефови, граѓаните на 5 јуни, на демократски начин, со заокружување на гласачкото ливче, ќе ви порачаат дека народот веќе не ве трпи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top