На македонско-грчката граница е повреден полицаец, кога претпладево околу пет илјади мигранти се обиделе насилно да влезат на територијата на Република Македонија, при што биле спречени од страна на македонската полиција.
Мигрантите, кои фрлале со камења и тврди предмети кон македонската полиција, повредиле еден од полициските службеници и ја оштетиле капијата на железничката пруга.
Од МВР информираат дека полицијата употребила солзавец за да се спречи нелегалното влегување на мигрантите во Македонија и тие се спречени во намерата и вратени на грчка страна.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, бегалците во Идомени на грчко-македонската граница во моментов одржуваат мирен протест со окупирање на железничката пруга, откако претходно се обиделе да ја урнат оградата.
Грчката државна новинска агенција АНА-МПА јави дека македонските власти во моментов ја поправаат оградата, а на самото место има и полицајци.
Железничката пруга е затворена, а од 50-тина бегалци кои требало да влезат во Македонија, само десет успеале да ја преминат границата, поради напнатоста што доведе до затворање на граничниот премин, информира агенцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Полицаец нападнат во Брисел, властите истражуваат дали е тероризам
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)