| четврток, 6 декември 2018 |

„Аларм“ и „Поздрав од Скопје“ – две филмски премиери од „Џолев и уметностите“

Вчера попладне, во просториите на Кинотеката на Македонија се одржа премиерата на двата краткометражни играни филма, коишто се дел од обуката за филм и филмски актер, во организација и продукција на уметничкиот центар „Џолев и уметностите“.

797769f0-a9d0-451d-9551-2010feca0fb3

„Аларм“, во режија на Теа Беговска е филм за младиот човек којшто безусловно и на свој начин се обидува да ги помине пречките на ова бреме. Филмот е раскажан фрагментарно, низ кратки сцени и сосема редуцирани дијалошки форми, низ кои го гледаме неуморниот пат на една нова и свежа генерација којашто сака да замине некаде, физички или пак, само со мислите.

9f086f78-fef0-4a80-a2db-da1957843aa7

Филмот „Поздрав од Скопје“ на режисерката Ана Јакимска е приказна составена од седум поединечни ситуации. Дејството се случува во Скопје, на 26 јули 1963 година, непосредно пред земјотресот. Земјотресот е трагичниот настан што ги спојува седумте ситуации во една заедничка скопска приказна.

Од „Џолев и уметностите“, најавауваат дека филмовите ќе бидат дел од априлскиот репертоар на Кинотеката, со цел да можат да ги погледнат сите љубители на филмската уметност.

Улогите ги играат членовите од првата и втората група актери, коишто се на возраст од дванаесет до триесет години. Овие актери од премиерата си заминаа со оригинален примерок од филмот (двд) и сертификат за успешно реализирана програма: Обука за филм и филмски актер.

Во тек е пријавувањето на новата четврта група актери, чијшто почеток е закажан за 6 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top