Она што претходно го најавив, денес се остварува. Официјално е потврдено дека германската компанија STS Textiles ќе инвестира во Република Македонија, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
-Она што е значајно е тоа што оваа најнова инвестиција ќе биде лоцирана во Демир Хисар, што е од исклучително значење за егзистенцијата и развојот на овој регион од државата. Компанијата ќе произведува специјализиран текстил и Република Македонија ќе биде првата земја во којашто отвораат нов производствен капацитет надвор од границите на Германија. Планот е за почеток да се инвестираат 4 милиони евра со што ќе се вработат најмалку 150 лица, со намера низ реализација на повеќегодишен план оваа бројка значително да се зголеми и да се вработат до 1000 лица. Тоа ќе значи сигурна егзистенција за 1 000 семејства од Демир Хисар и од блиските градови и населени места. На оваа одлука за инвестирање претходеа повеќемесечни интензивни разговори, и особена посветеност и ангажман на економскиот тим. Посебни честитки за потпретседателот на владата Владимир Пешевски, како и министерот Џери Наумоф и заменик директорот на агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шекеровски кои имаа голем ангажман за оваа инвестиција – напиша Груевски.
Тој англаси дека ородолжуваат да работат и да се борат за секое ново отворено работно место. Решавањето на суштинските прашања со кој се соочуваат граѓаните останува нивниот најсилен фокус, а напредокот и развојот на државата нивни основен приоритет.
Инаку, оваа инвестиија Груевски ја најави на 24-ти јануари годинава, при обраќањето на Годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски