| четврток, 6 декември 2018 |

Дали е ова јахтата на која летово уживаше Шеќеринска? (фото)

Дали е ова јахтата на која со своето семејство заменичката на Заев, Радмила Шеќеринска уживаше летово на луксузните грчки одмаралишта? Телевизија Нова дојде до ексклузивни снимки од јахтата АДА која и според изгледот и според името наликува на онаа што можевме да ја видиме во Егејското море, пренесе Денешен.

jahta-sekerinska3

Во Скопје оваа луксузна јахта беше сместена во хангари во скопската населба Кисела Вода на улицата „Борис Трајковски“ кои се во сопственост на фирмата Пелагонија.
jahta-sekerinska2
Токму оваа фирма е во сопственост на семејството Пановски со кое токму Радмила Шеќеринска е во исклучително блиски релации.

-Тоа што за нас беше индикативно, пред неколку дена, доцна во ноќта јахтата конспиративно беше изнесена од хангарите и префрлена на друга локација. Дали беше случајност или некој сакаше да сокрие нешто од јавноста, останува да се види во наредниот период. Токму минатата година излегоа информации и фотографии за луксузното летување на Радмила Шеќеринска која во Грција летувала на луксузна јахта која пловела под грчко знаме. Името на јахтата Ада е и името на ќерката на Шеќеринска, потсетува Денешен.
2sekerinska-jahtaa-640x1102

Тогаш медиумите објавија и фотографии на кои се гледа како Шеќеринска и семејството уживаат на јахтата. Таа децидно не демантираше дека јахтата е нејзина и наместо да одговори на прашањата ја сврте работата кон ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи ги да седнеле јавно за да дебатираат кој со колкав имот располага.
Шекеринска во анкетниот лист нема наведено дека има луксузна јахта.

-Против нејзиниот сопруг, инаку сопственик на Дајнерс, МВР неодамна понесе кривична пријава, бидејќи си рентал станови сам на себе.Од ваквиот бизнис како што објавија медиумите, успеал сам на себе за 3 стана во Скопје и еден во Охрид да си плати неверојатни 338.000 евра кирија, потсетува Денешен.
jahta-sekerinska5
Деновиве Телевизија Нова дојде до снимки на кои се гледа дека фамозната, наводно изнајмена грчка јахта всушност цело време по завршувањето на летото била и се чувала во Скопје. Медиумите уште лани пишуваа дека токму јахтата на Шеќеринска вреди повеќе од 100 илјади долари.
jahta-na-sekerinska

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top