Потпретседателот на САД, Џо Бајден, ќе се појави како презентер на доделувањето на Оскарите.
Бајден на публиката ќе ѝ го најави настапот на Лејди Гага која ќе ја испее песната „Till It Happens to You“. Песната е од филмот „Hunting ground“ и е номинирана за Оскар. Песната говори за насилството во американските кампуси.
Бајден е голем поборник против насилството над жените и е автор на истоимениот закон усвоен во 1994 година.
Според соопштението од Белата куќа, американскиот потпретседател ќе ја искористи приликата да ѝ порача на јавноста да се ангажира и да укаже на секое насилство над жена, со цел промена на свеста и пристапот кон овој проблем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.