Најталентираниот бразислки фудбалер на денешнината, 21-годишниот Неимар доби стрип во кој тој е главен јунак.
Автор на стрипот е легендарниот бразислки стрип-цртач Маурисио де Соуса, кој набрзо стана фрустриран поради честата промена на фризурата на Неимар. Призна дека е тешко да се нацрта Неимар поради честите промени на стилот и бојата на косата иако во приказната тој е со специфичната фризура на Мохавците.
Неимар е претставен во стрипот како момче со свои пријатели за игра, а првиот број на стрипот има наслов „Момче со талент“.
Неимар не е првиот бразислки фудбалер кој стана стрип-јунак. Пред него беа и Пеле, Роналдо и Роналдињо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.