Кристијано Роналдо даде прилично чудна и неколегијална изјава по поразот од Атлетико Мадрид.
Во изјава за медиумите по натпреварот првата ѕвезда на Реал Мадрид уште еднаш го покажа својот карактер заради кој подолго време ја бранува спортската јавност. Наместо да покаже колегијалност и единство кога е најтешко, Роналдо причина за поразот овојпат побара кај соиграчите.
Според Кристијано сите да биле на неговото ниво, Реал сега ќе бил прв.
„Нејмар, Суарез и Меси да беа речиси секогаш повредени, Барса немаше да биде таму каде што е сега. Можеби, но не верувам. Ако во Реал сите игравме на нивото на кое јас играм, можеби ќе бевме лидери во Ла Лига. Не сакам никого да навредам, но сакам да играм со Бензема, Бејл, Марсело иако на пример Данило беше одличен денес. Не велам дека Хесе, Лукас, Ковачиќ не се добри, но не е исто…“, рече Роналдо.
„Секоја година, иста приказна, медиумите пишуваат дека не играм на ниво, но бројките и статистиката не лажат.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.