| четврток, 6 декември 2018 |

Џенифер Гарнер проговори за Бен Афлек: Тој е најбрилјантната, но комплицирана личност

ben aflek

Со месеци наназад се шпекулира за смирувањето на една од најпопуларните двојки на денешницата – Бен Афлек и Џенифер Гарнер.  Актерката сега за првпат по разводот, за „Венити фер“ одлучила да ја открие вистината за нивниот однос, но и како сега се чувствува после сè.

– Беше тоа вистински брак. Не беше за камерите. За мене претставуваше приоритет. Сепак, не функционираше. Не ја обвинувам дадилката за тоа, бидејќи таа се појави многу по нашето рзделување. Своите чувства морам да ги ставам на страна. Не го мразам, никој не треба да го мрази – рекла Џенифер и додала дека повторно исто би постапила:

– Не се омажив за филмска ѕвезда – се омажив за него. Повторно истото би го направила. Повторно на плажа би потрчала во неговата прегратка. Не можете да добиете три деца и толку многу, без љубов. Тој е љубовта на мојот живот. Што сега со тоа да правам? Тој е најбрилијантната личност во секоја просторија, најхаризматичната, најдарежливата. Нo, тој е комплициран човек. Отсекогаш велев: „Кога неговото сонце ќе ве осветли , го почувствувате тоа“, но кога неговото сонце свети на друго место, студено е. Тој може да фрли голема сенка на вас – рекла, меѓу другото, Џенифер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top