| четврток, 6 декември 2018 |

Арнаудовски одбива да одговори – дали и денес мисли дека ограничувањето на правото за помилување е противуставно?

Професорот во пензија и поранешен член на Републичкиот судски совет, Љупчо Арнаудовски во 2009-та година јасно потенцира дека ограничувањето на правото на претседателот на државата да дава помилување е противуставно. Денес на истата оваа тема тој избегнува да даде коментар.

utrinski-vesnik-zakon

Во вест тогаш објавена во Утрински весник на 01.01.2009-та година Арнаудовски вели дека доколку се донесат измените и дополнувањата на Законот за помилување, што ги предлага Министерството за правда, тие можат лесно да паднат на Уставен суд.

-Со ограничувањето на правото на помилување се губи смислата на овој институт, кој во основа е многу стар и потекнува уште од кралско време, со кој се покажува волјата, но и милоста на суверенот. Не случајно шефот на државата дава помилувања во пресрет на големи празници, како Илинден, 8 Септември, Нова година, нагласува професорот Арнаудовски.

Во тогаш објавениот текст, Арнаудовски потсетува дека ова право на претседателот некогаш било користено и во политички цели, како во случајот кога Бранко Црвенковски го аболицираше Зоран Заев.

„Курир„ денес стапи во контакт со професорот за да побараме од него изјава во врска со актуелните случувања за истиот овој закон. Тој одби да ни одговори лично и потенцира дека ќе биде испратено соопштение.

-Нашето здружение за кривично право и криминологија денеска ќе ви достави соопштение, а во тоа здружение членуваат сите истакнати кривичари од Камбовски до сите. Денеска ќе добиете соопштение наше во кое го соопштуваме својот став. Незгодно е сега јас поединечно кога здружението стапува како целина, ни рече тој.

Арнаудовски го контактиравме рано утрово, а до овој момент соопштение од здружението воопшто не е стигнато.

Професорот денес не сакаше да даде своја лична изјава иако пред 7 години на оваа тема тој зборуваше и настапуваше самостојно со сопствени ставови.  Не знаеме дали тој избегнува одговор поради страв, притисок или нешто друго. Арнаудовски од само за него познати причини не одговори дали и денес стои на својот став дека ограничувањето на правото на претседателот на државата да дава помилување е противуставно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top