| четврток, 6 декември 2018 |

Уставен одлучи дека амнестијата за затворениците останува

Уставниот суд не поведе постапка по Иницијативата за оценување на уставноста на дел од Законот за амнестија што Собранието го донесе во февруари годинава. Со овој Закон се определува амнестија кривични дела сторени до 20 септември 2017 година но не и после тоа. Целта на овој Закон е намалување на бројот на затвореници во пренатрупаните затвори во Македонија. Дел од опфатените затвореници излегоа од затворите затоа што веќе издрќале две третини од казната а на дел од нив им беше намалена казната затвор.

Иницијативата за преиспитување на уставноста на член 3 од Законот за амнестија ја поднесе адвокатот Сашко Дуковски кој смета дека Законот е неуставен бидејќи во него е наведено за кои кривични дела се однесува амнестијата, а за кои не, со што е прекршено уставното начело за еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите.

Со законот за амнестија не се опфатени осудените за убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, за силување, педофилија, посредување во вршење проституција, потоа за кривични дела против државата, за злосторничко здружување, како и за кривичните дела против човечноста и меѓународното право.

При носењето на Законот, министерството за правда тврдеа дека со амнестијата ќе се овозможи ресоцијализација и социјална реадаптација на осудениците.

Овој Закон не важи за напаѓачите кои упаднаа во Собранието на 27 април 2017 година бидејќи против нив сѐ уште се водат судски постапки и тие не се правосилно осудени на казна затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top