| четврток, 6 декември 2018 |

Ако неможе Нејмар тогаш Ракитиќ, се разгоруваат страстите на релација Реал Мадрид – Барселона

Juventus FC vs FC Barcelona

Хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ има проблеми да пронајде заеднички јазик со раководството на Барселона за потпишување на нов договор, а тоа би можело да заврши со сензација – тој да се пресели во редовите на лутиот ривал, Реал Мадрид. Одличниот играч за врска има договор до 2019 година, но управата на каталонскиот клуб засега нема намера да му ново продолжување на соработката.

Тоа сака да го искористи „кралскиот клуб“ и да се обиде да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“ веќе претстојното лето. Ова би била еден вид „одмазда“ за Лукаш Лима, бразилскиот фудбалер кој игра во Сантош, а кој беше на мета на Реал, но во последен момент влетала Барселона и го договорила трансферот.
Доколку се случи овој трансфер, тоа секако ќе ги разгори повторно страстите на релација Барселона – Мадрид, а Ракитиќ би бил третиот Хрват кој би се придружил на тимот што го предводи Зинедин Зидан, Покрај Лука Модриќ и Матео Ковачиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top