Утрово специјалните полициски единици се распоредија во скопската општина Бутел, на потегот од улицата „Боца Иванова“ и улицата „Александар Урдаревски“ каде во 11 часот ќе бидат осветени темелите на крстот.
Граѓаните кои утрово патувале кон Бутел останале зачудени од големото полициско присуство, но тоа е само обезбедување за церемонијата на крстот.
Инаку крстот во Бутел ќе биде реплика на оној од општината Аеродром, ќе биде монтажен, висок 51 метар, широк 4 метри, со распон на краците од 34 метри, врз постамент од 5,5 метри и фрески на дванаесетте свети апостоли.
Инцијативата за изградба на крстот е поднесена од Светскиот македонски конгрес на 18 февруари 2016 година до Советот и градоначалникот на Општина Бутел. Советот ја донесе одлуката на 23 февруари, а градоначалникот го издаде одобрението за градба на 25 февруари.
Чинот на осветувањето ќе го изврши поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан архиепископ охридски и македонски, со свештеници од Скопската епархија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.