| четврток, 6 декември 2018 |

На протестите во Приштина повредени 21 полицаец и еден новинар

Косовската полиција соопшти дек за време на насилните демонстрации синоќа во Приштина е повреден 21 полицаец и еден новинар, јави „Танјуг“.

Од безбедносни причини, отстранети се шаторите од централниот плоштад во Приштина, во кои претходните три дена кампираа приврзаници на опозицијата.

Соопштено е исто така, дека се уапсени пет демонстранти.

Полицијата на својот сајт наведува дека демонстрантите кои биле со фантомки на глава нередите ги започнале нешто пред 17 часот кога со молотови коктели, шишиња со боја и камења почнале да фрлаат во правец на собранието, каде биле распоредени припадници на косовската полиција.

Косовската полиција наведува на својот официјален сајт дека на три локации во Приштина, вклучувајќи и шатори во кои кампирале демонстрантите, пронашла 39 шишиња со молотови коктели и 38 шишиња со боја.

Според проценка на полицијата, на почетокот на протестите, организирани во петокот во Приштина, биле присутни околу 2.500 демонстранти, за подоцна нивниот број да се намали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top