Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе постави камери со снимачи во 100 возила, во рамките на проект „Опрема за видеонадзор на 100 автобуси и видео и алармен надзор во автобазите и продажните објекти“.
Со овој проект се очекува да се зголеми безбедноста на патниците и возачите и брзо откривање на сторителите на евентуални инциденти, како и спречување вандалско однесување на патниците што ги чкртаат и оштетуваат во возилата.
Од претпријатието не прецизираа на кои автобуски линии ќе бидат поставени камерите со снимачи.
Според нивната првична процена, реализацијата на проектот ќе чини 12 милиони денари, односно околу 200.000 евра, средства што се обезбедени од претпријатието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.