| четврток, 6 декември 2018 |

Еве зошто жените изневеруваат

зен

Познатиот сексолог Трејси Кокс реши со јавноста да подели интересни факти кои се однесуваат на прељубата во женско машкиот свет.

Дали некогаш сте се прашувале од кои побуди изневеруваат мажите, а од кои жените?Дали се работи за исти, слични или сосема различни причини?

Според Кокс, причините поради кои и едните и другите изневеруваат се промениле со тек на времето.И додека некогаш жените изневерувале бидејќи престанувале да ги сакаат своите момчиња и мажи, денеска тоа го прават од љубопитност за нови сексуални искуства, најчесто додека се уште чувствуваат љубов кон своите партнери.

Исто така ставот на жените за прељуба генерално се промени, па денеска се осмелуваат да прават работи за кои порано не им паѓало на памет да ги прават. Како што Трејси напоменува, дамите чувствуваат извесна вина, но се трудат да ја ублажат говорејќи си себеси дека се добри сопруги и мајки и како аферата е нешто што  ги развеселува и прави живи.
Истовремено, Кокс напоменува не е нужно лоша по врската или бракот. Напротив, често може да помогне во подобрување на машко-женските односи, со оглед на тоа дека после изневерувањето, жените се чувствуваат посамоуверено и посреќно, поради што се однесуваат и подобро кон партнерите.

Истражувањата покажуваат дека во денешно време жените изневеруваат многу помудро и повеќе ги прикриваат трагите на изневерување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top