Вториот настан од серијата „Денови на светската книжевност“, насловен „Американски класици: поттикнување на метакогницијата преку кратките раскази на Реј Бредбери“, ќе се одржи на 29 февруари (понеделник) со почеток во 13 часот, во Центарот за конференции и студии во НУБ.
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, продолжува со серијата настани посветени на светската книжевност, во рамки на планираните програмски активности за популаризација на книгата.
Осврт за американската книжевност ќе има Вера Сотировска која ќе се фокусира на важноста на читањето и развивањето на имагинацијата преку расказите на Бредбери.
Реј Бредбери се вбројува меѓу класиците на американската научно-фантастична книжевност. Негови најпознати дела се култниот роман „Фаренхајт 451“, делото „Марсовските хроники“ и други.
Сите љубители на пишаниот збор кои ќе присуствуваат на овој настан ќе можат да ги разгледаат и да ги купат книгите од американските писатели преведени на македонски јазик, објавени во рамки на капиталните издавачки проекти „Превод на дела од автори кои добиле Нобелова награда за литература“ и „Ѕвезди на светската книжевност“.
Во текот на целата 2016 година во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје континуирано ќе се промовираат и презентираат публикации од македонската тековна и актуелна книжна продукција и од капиталните издавачки проекти, а ќе се организираат и книжевни средби, трибини и придружни манифестации со цел афирмирање и поттикнување на читањето и привлекување читатели од различни генерации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фримзим Даути нов директор на НУБ „Св. Климент Охридски“
-
Во НУБ вечерва се отвора Координативниот центар за културна соработка на Иницијативата „16+1“
-
Николаус Вирвол од Германија и митрополитот Мелки Јурек од Сириската православна црква во посета на НУБ
-
Светскиот ден на поезијата-21 март ќе се одбележи во НУБ „Св. Климент Охридски“