Американскиот претседател Барак Обама изјави дека е уверен оти САД ќе победат во борбата против Исламска држава, но и дека клучниот чекор за нејзин пораз ќе биде ставање крај на конфликтот во Сирија.
– Нема да има прекин на огнот во однос на ИД, остануваме немислосрдни во нивното протерување, рече Обама по состанокот на Советот за национална безбедност во Стејт департментот.
Обама додаде дека земјите, кои се борат против ИД често не се согласуваат за долгорочните цели.
– Доколку прекинот на огнот во Сирија се почитува тоа би можело да спаси животи и да ги намали човековите страдања, рече американскиот претседател.
– Меѓутоа со ИД не може да има примирје, нагласи тој и додаде дека ИД има засолништа во урбаните подрачја и цивилите ги користи како жив штит.
Обама истакна дека ИД изгубила повеќе од 40 отсто од територијата, која некогаш ја контролирала во Ирак, како и дека е успорен приливот на странски борци во нивните редови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто