| четврток, 6 декември 2018 |

Германски суд ослободил терорист поради зафатеност на судот

germanija sud32-годишен Сириец во април 2015 година бил обвинет за подготовка на „сериозни акти на насилство против државата“, но против него нема да се води процес, изјави портпаролката на обвинителството Фредерике Буш.

Судот во Франкфурт ја отфрлил кривичната пријава за осомничен за тероризам затоа што „бил зафатен со други обврски“ објави денеска германското јавно обвинителство.

Портпаролката на обвинителството Фредерике Буш изјави дека 32-годишен Сириец во април 2015 година бил обвинет за подготовка на „сериозни акти на насилство против државата“, но оти против него нема да се води процес, јави дописникот на МИА од Берлин.

Судот во Франкфурт сега вели дека е премногу зафатен за да води постапка против Сириецот поради што го отфрлил случајот. За обвинителството причините за отфрлањето на кривичната пријава се несоодветни поради што е поднесена жалба во регионалниот суд во покраината Хесен.

Прес службата на судот во Франкфурт одби да ги потврди наводите на обвинителството и медиумите кои што тврдат дека случајот е отфрлен поради презафатеност.

Осомничениот Сириец е уапсен додека се обидувал да ја напушти Германија на аеродромот во Франкфурт пред две години по што од судот бил задолжен да се јавува во полиција три пати неделно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top