| четврток, 6 декември 2018 |

Грција го повлече амбасадорот од Австрија

grcija avstrija

Грција одлучила да го повлече амбасадорот во Австрија поради состанокот во Виена за бегалската криза со претставници од земјите на Балканот на кој Грција не беше повикана.

Таа одлука на ЕУ, Грција ја оцени како „непријателски чин“ а амбасадорот е повлечен на консултации, пренесува Би-Би-Си.

шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас го повикал амбасадорот од Виена „за да се осигура зачувувањето на пријателските односи меѓу двете држави и народи на Грција и Австрија“, се наведува во соопштението на грчкото министерство. Грција поради својата голема морска граница со Турција и близината на грчките острови до турскиот брег стана главна точка за влез на стотици илјади луѓе кои бегаат од војните на Блискиот исток и се надеваат на подобар живот во Европа.

Грчкото министерство истакнува дека е јасно дека со големите проблеми на ЕУ не можеме да се избориме со помош на мисли, менталитет и вонинституционални иницијатива кои потекнуваат од 19 век, предупредува грчкото министерство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top