Центарот за дизајн „Јавна соба“ цел март ќе го слави мебелот од македонски дизајнери. Под насловот „Март-месец на мебел“ во Јавна соба цел месец ќе трае неформален саем на мебел на македонски дизајн брендови и производители по поволни, намалени цени.
„Во времетраење од 31 ден сите се добредојдени во Јавна Соба да ги тестираат овие парчиња во пријатна домашна и урбана атмосфера, конзумирајќи го своето омилено кафе или чај, оброк, или книга“, велат од Јавна соба.
На месечниот промотивен настан ќе може да се видат и купат и лустери и дизајнерски парчиња кои беа изложени на штандот на Design.mk на Design Week.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.