Силата на ВМРО-ДПМНЕ е во народот, во неговата поддршка. Тоа е силата која Македонија ја носи напред, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање на првиот ден на политичката академија “Современа народна партија”, организирана од Институтот “Павел Шатев” и Фондацијата “Конрад Аденауер” од Германија.
Груевски рече дека вистинската политика подразбира носење на мудри одлуки штитејќи ги државните интереси. Нагласи дека покажале оти можат да делуваат мудро и разумно, секогаш за доброто на државата, а тоа граѓаните го препознаваат.
-Народот е тој кој одлучува и за нас како ВМРО-ДПМНЕ најважно е мислењето и волјата на народот. Нема поголема демократија од тоа кога народот одлучува и неговиот глас се слуша. Волјата на народот е несоборлива вредносна оценка за состојбите – рече Груевски.
Груевски на оние што се против избори, вадејки разно-разни изговори и блефови и кои изнасилено се храбрат, им порача дека грешат, бидејќи како што нагласи, ова е време кога народот одлучува.
– Вие таа порака ќе ја добиете. Оваа држава им припаѓа на граѓаните. Силата на ВМРО-ДПМНЕ е во народот, во неговата поддршка. Тоа е силата која Македонија ја носи напред – рече Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ подвлече дека некои ја имаат деструкцијата за примарна дејност, но ВМРО-ДПМНЕ ја има својата програма која е темел на нивното дејствување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски