Грчкиот премиер Андонис Самарас ја повика ЕУ да помогне на Атина да објави “специјална економска зона“, во која може да се добиваат јаглеводородни ресурси. Според Самарас ЕУ може да има корист од обединувањето на регионите, во кои Грција, Кипар и Малта можат да добиваат природен гас и нафта, пишува весникот “Катимерини“.
“Тоа е дел од нашето европско богатство. Објавувањето на специјална економска зона е решение на посебна земја-членка, но ЕУ може да ги поддржи овие земји, за да може процесот да е побрз и се’ да биде завршено мирно “, рече грчкиот премиер за време на медитеранскиот економски форум во Атина.
Самарас не го посочи конкретно Кипар, но е јасно дека целта на неговите зборови беше да се потенцираат очекувањата на Грција дека ЕУ ќе ја поддржи Атина ако се појави некаков спор со Турција во врска со правата да добива нафта и гас, коментира весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција