Откако со месеци се полемизираше за тоа дали пејачот Мирослав Илиќ е навистина татко на Девин Антоновиќ или не, неговата мајка Мира реши да направи ДНК тест и докаже што е вистина.
Таа задолжила луѓе да и обезбедат чаша од која пејачот пиел, па анализата е направена врз основа на неговата плунка. Мира резултатите ги добила уште на 5 јануари, но несакала ништо да зборува јавно, бидејќи се надевала дека Девин ќе реши се по мирен пат со пејачот.
Сега Мира реши на целиот свет да му докаже дека Илиќ е вистинскиот татко на неговиот син, што потврдува и ДНК тестот. Имено генетските материјали на Девин и Мирослав се поклопуваат со дури 99,9 отсто, пишуваат српските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.