Ако ги јадеме сите видови овошје, помалку ќе се дебелееме. Никој не сака да слушне, ама како се зголемуваат годините, така се таложат килограмите во организмот. Според една студија на Универзитетот „Харвард“ одредени видови овошје би можеле да ни помогнат да избегнеме таложење на килограмите.
Во истражувањето учестувале 124 илјади испитаници чии навики биле набљудувани 24 години. Оние кои јаделе овошје, посебно овошје богато со флаваноидим-антоцијанин, флаваноид полимерин и флаванолин постигнале најдобри резултати.
Ако јадеме повеќе овошје, помалку ќе добиеме на килажа. Тоа се однесува на овошје, но не и на овошните сокови, кои додаваат килограми поради премногу шеќери кои се додаваат во нив.
Јаболко
Јаболкото на луѓето обично им е второто најдраго овошје, по банатата и најдобро за контролирање тежина. Флавонид полимери во јаболката ги инхибираат ензимите кои ги разградуваат едноставните шеќери па место шеќерот да се таложи како маст, изглегува од организмот. Црвениот делишес има најсилна концентрација на флавонид, златниот делишес има помалку.
Круши
Исто како и јаболките, крушите се извор на пектин. Штитат од дебелина и го намалуваат ризикот од дијабетес. Ако јадеме крушки и јаболки, ќе изгубиме повеќе на тежина отколку да јадеме боровници.
Свежа крушка дава четвртина дневно потребно количество влакна што е добро за цревната флора.
Боровники
Тие имаат темносина боја поради високата концентрација на флавонид кој се вика антоцијанин, силен оксиданс кој го спречува карциномот, чува од срцеви болести и воспаление.
Замрзнатите боровинки имаат уште поголема концентрација на антоцијанин, а сувите имаат двојно помалку отколку свежите.
Јагоди
Тие имаат различни антиоксиданси. Содржат антоцијанин, не толку колку боровинките и флавонол. Неколку јагоди дневно го намалуваат воспалението и шеќерот во крвта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.