Триесет и четиригодишната лична асистентка на папата Франциск, Мирјам Вулу е пронајдена мртва во својот стан во предградието на Рим, објави лондонски „Мирор“.
Мирјам има еритрејско потекло и била во седмиот месец од бременоста, а со години работела во гостинската куќа Санта Марта како рецепционерка на папата и на другите бискупи и кардинали што отседнувале таму.
Американскиот портал „Дејли бист“ јавува дека полицијата сѐ уште не ја знае причината за смртта, но една од теориите е дека во случајот е вмешан и сопругот на Мирјам за кој има сомневања дека со неа се оженил за да може таа да добие државјанство.
Мирјам инаку страдала од тежок облик на дијабетес , па нејзината бременост била прогласена за високоризична.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Папата Франциск во мај, 2019 ќе ја посети Македонија
-
Папата со критики за телевизиската дебата Макрон – Ле Пен: Тие фрлаа камења, не чекаа другиот да заврши
-
Македонска делегација на церемонијата на канонизација на Мајка Тереза
-
Папата Франциск ќе потпише декрет со кој Мајка Тереза ќе биде канонизирана