Постапките и зборовите може многу да влијаат врз докторот кога тој ја поставува вашата дијагноза. Затоа внимавајте да не ги изговарате овие реченици.
1. Ги „гуглав“ симптомите и сигурен сум дека проблемот е…
Кога ќе ги забележеме првите знакови на некој здравствен проблем, повеќето одговорите ги бараме на интернет, но поради нестручната самодијагноза може несвесно да ги игнорираме важните симптоми. Така влијаеме и врз донесувањето на вистинката дијагноза.
Лекарите за време на прегледот мора да следат одреден протокол, каде вклучуваат и анализа на сите симптоми, здравствената историја, семејните болести и лековите кои ги користите. Затоа е важно од вас да ги добијат сите важни информации за тоа што ве мачи, а да не добиваат погрешни наводи кои само ќе ги наведат на огрешен заклучок.
2. Mислам дека сето тоа е само во мојата глава
Лушето кои не сакаат да одат на доктор или се плашат од болници, често се обидуваат да ја намалат важнста на своите здравтствени проблеми. Никогаш не ги ублажувајте симптомите. Секогаш бидете искрени, за лекарот да може да ја сфати потенцијалната сериозност на ситуацијата и ништо да не му промакне во поставувањето на дијагнозата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова се првите симптоми на рак на дебело црево…
-
Специјалистите ќе чекаат уште една година за ветената плата од 100.000 денари
-
Што се имаат извадено докторите од дишните патишта на децата?
-
Лекарите не се вреднуваат според заслугата, туку по партиска линија или ако се во род со професори – му се пожали специјализантка на Заев