Силен земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска северниот дел на Јапонија. Според државната метеоролошка агенција, не било дадено предупредување за цунами. Засега нема информации за повредени и за материјална штета.
Силниот потрес бил почувствуван и во Токио.
Пред два дена на јапонскиот остров Мијаке, кој се наоѓа на околу 180 километри од Токио, беа почувствувани триесетина земјотреси, од кои еден со јачина од 6,2 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.