Изборите на 5 јуни ќе бидат референдум на народот. Изборите на 5 јуни се референдум на граѓаните за иднината на државата. Тие ќе бидат референдум за потврда на суверенитетот и независноста на државата кој извира од граѓаните.
Граѓаните се револтирани поради досегашните деструктивни сценарија од СДСМ, нивната попусливост спрема различните надворешни фактори, како и фактот што нивната слаба позиција придонесе наместо на сопствените сили, тие да се потпираат на зборовите кажани од други, на успешноста или неуспешноста на нивните сценарија со кои се урнисува државата, се загрозуваат нивните основни белези.
Сувереноста, независноста лежат токму во граѓаните кои го донесоа и создавањето на македонската република на 8 септември 1991 година. Тогаш граѓаните во огромен број референдумски се изјаснија за самостојна држава поради фактот што сами одлучуваа за нејзината иднина. На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.807 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85%, а од вкупниот број граѓани кои гласале на референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,26% (односно 72,16% од вкупниот број на граѓани со право на глас). Резултатите сами по себе говорат за успешноста на референдумот.
Таквата одлучност извираше од способноста народот сам да одлучува, да се радува на сите успеси како држава да се идентификува со колективните и поединечни успеси на сите претставници на Република Македонија.
Експертите се согласни дека суштината на сувереноста е во способноста народот сам да одлучува, а таа можност ја има на избори, и во периодот меѓу изборите таа се пренесува до сите релевантни политички субјекти. Во изминатиот период актуелното раководство на СДСМ демонстрираше системска фаличност и недостаток да се носи со нејзе. Тие преку вазалски однос ниту еднаш не ги осудија навредите кон државата искажани од Питер Ван Хауте и наместо на избори наоѓаа начин нив да ги одбегнат криејќи се преку туѓи проценки. Токму изборите на 5 јуни ќе бидат референдум на граѓаните за иднината на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.