Американскиот бизнисмен Доналд Трамп победи на синоќешното прелиминарно гласање за избор на републикански кандидат за претседател на САД, што се одржа во сојузната држава Невада.
Според се уште неконечните разултати од гласањето на 40-те илјади делегати на републиканските изборни собранија во Невада, Трамп освоил над 46,5 отсто од гласовите, сенаторот од Флорида, Марко Рубио речиси 24 проценти, а сенаторот од Тексас, Тед Криз – нешто под 20 отсто.
Далеку зад нив се неврохиругот Ден Карсон со нешто над пет проценти од гласовите и гувернерот на Охајо, Џон Кејсич со речиси четири отсто.
Како што јави ТАСС, Невада делегира 30 претставници на Републиканската национална конвенција на која официјално ќе биде избран кандидатот на републиканците за претсдетаел на САД, што ќе се одржи од 18 до 21 јули во Кливленд.
Следните прелиминарни избори се предвидени за 1 март, кога на т.н. супер вторник ќе се гласа во над 10 американски сојузни држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.