Нови инциденти во Бостон. Ноќеска се случувал вистински хаос по улиците на градот во близина на местото каде што се случи бомбашкиот напад. Непознат маж убил полицаец во кампус во еден од најпознатите универзитети во САД, очевидци тврдат дека слушнале експлозии, а потоа и чуле полицајци како зборуваат за импровизирани експлозивни направи.
Според американските медиуми, власите во Бостон не коментираат дали синоќешните настани се поврзани со истрагата за бомбашкиот напад.
Како што пренесува „Би-Би-Си“, во овој дел од градот ноќеска се одвивала голема полициска акција во која учествувале околу 25 полициски возила, при што бил уапсен еден маж. Според очевидци, полицајците му наредиле најпрво да се соблече гол, а потоа бил приведен.
Според овој медиум, полицијата сѐ уште не ја поврзала бостонската трагедија, убиството на полицаецот во кампусот и полициската акција во која е уапсен мажот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.