Косовскиот министер за одбрана и поранешен командант на УЧК, Агим Чеку, во интервју за српскиот магазин „Неделник“ вели дека ја поддржува идејата за нова Југославија, која би била составена од сите држави од поранешна СФРЈ. Проектот, според Чеку, е можен само по сеопфатниот процес на помирување меѓу сите држави, рекол Чеку коментирајќи ја идејата на генералот на ЈНА во пензија Благоје Граховац.
– Ние имаме многу заеднничко со другите поранешни југословенски држави. Дури верувам дека културата на Западен Балкан е релативно слична. Меѓутоа, голем проект како што е овој, кој го предложи генералот Граховац, е можен само по сеопфатниот процес на помирување меѓу нашите држави – рекол Чеку.
– Ја поддржувам наведената идеја затоа што е полесно да соработуваш со некој со кого делите исто минато, но само ако сме доволно внимателни да го имаме на ум нашето блиско минато и да најдеме начин да го надминеме тоа што се случило. Нема да биде лесно, но е можно – заклучил Чеку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со Дарко Панчев во стартниот состав: Пред точно 26 години, Југославија се прости од фудбалската сцена
-
Тајни белешки на ФБИ ја обелоденија вистината за Тито – конечно откриено кој ја водел Југославија
-
„Трст, Југославија“: Снимен докуметарец за златното доба на шопинг-меката во 60-те и 70-те години
-
Генерал на НАТО: Бомбардирањето на Југославија слично на нападот врз Нагасаки