| четврток, 6 декември 2018 |

Операта „Риголето“ вечерва во МОБ

Во среда, 24 февруари, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет, по одличната изведба на 6 февруари, на барање на публиката, повторно ќе биде изведена оперската претстава „Риголето“, на прославениот Џузепе Верди.

„Риголето“ се смета за една од најубавите музичики драми во оперската литература и нејзиното либрето базира на расказот „Кралот се забавува“ на Виктор Иго (некаде се среќава и под наслов Човекот кој се смееше).

Во претставата настапува врвна солистичка екипа: Борис Трајанов после одличната креација на 6 февруари, уште еднаш во насловната улога, Наде Талевска, Зоран Сотиров, Владимир Саздовски и Вишња Радосав-гостинка од Србија, во главните улоги.

Во останатите улоги ќе настапат: Ернес Ибраимовски, Диме Петров, Билјана Јосифов, Васко Здравков,  Дарко Нешовски, Ана Ројдева-Талевска, Марија Наумовска и Славчо Димовски.

Диригент е Бисера Чадловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top