Мал авион со 21 лице, меѓу кои и двајца странци и две деца исчезна вчера во западен Непал. Се претпоставува дека леталото е урнато.
Станува збор за двомоторен авион од типот „отер“ на непалската компанија „Тара ер“ со 18 патници и три членови на екипажот.
- Два хеликоптери се во спасувачка мисија, соопштија од аеродромот од каде исто така напоменуваат дека до сега нема траги од леталото.
За време на летот кој требало да трае 18 минути видливоста била многу лоша, а временските услови и сега се неповолни што влијаат на потрагата, пренесуваат агенциите.
Во авионот имало двајца странци од Кина и Кувајт, а останатите биле од Непал, меѓу кои и две деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
(Вознемирувачка содржина) Нема преживеани лица во авионската несреќа во Индонезија
-
Ова е последната фотографија со другарките: Мина од својата моминска заминала директно во смрт
-
Бизнисмен и неговото семејство загинаа во авионска несреќа
-
Најмалку 31 лице загина, а 15 се повредени во автобуска несреќа во Нелап