| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски за триумфализмот на СДСМ: до 5–ти јуни можете да зборите и да глумите се, ќе се срамите од самите себе

ng pres

Дневните силења и надмудрувања кој денес испаднал послаб а кој појак ќе завршат на 5–ти јуни- посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во вечерашното обраќање по одлуката изборите наместо на 24 април да се пролонгираат за 5 јуни.

Тој го повика првиот човек на СДСМ, Зоран Заев на 5 јуни да се соочи со народот.
-Го слушнав пред малку Заев како вели дека ништо веќе не зависи од Никола Груевски. Со тоа самиот призна дека се создадени сите услови за да се оди на 5–ти јуни на избори. Затоа Заев, ајде собери храброст и соочи се со народот, наместо да се обиколуваш со луѓе кои аплаудираат за се и се пресреќни што само за еден месец се пролонгирале изборите и големиот пораз кој ве чека.

Се осврна и на изјавата на пратеникот од СДСМ, Сугаревски од собраниската говорница, кој посочи дека ова било само уште еден пораз за Груевски. Груевски рече:

Ја слушав пред малку и реториката на СДСМ во парламентот, со очаен обид да прикажат некаков триумфализам, кажувајќи дека ова било нов пораз на Никола Груевски. Јас ќе им порачам: до 5–ти јуни можете да зборите и да глумите се, па дури и победници. На 5ти јуни ќе се срамите од самите себе. На 5–ти јуни ќе видете кој е победникот и кој е поразениот, и сегашната вештачка насмевка, нагло ќе ја загубите. Велам вештачка насмевка, затоа што по објавената проценка на САД и ЕУ, колку и да таа беше политичка одлука без аргументи, СДСМ единствениот спас го чекаа во поинаква наша одлука од оваа која вечерва ја донесовме. Сега и тоа го загубија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top